Ко-основачот на Airbnb со совет што на неговата фирма и донесе 100 милијарди долари

546

Претпочитам да работам со одлични партнери на не толку голема идеја, отколку на одлична идеја со не толку добри партнери, изјави за BBC CEO Secrets, Брајан Чески, ко-основач на Airbnb.

Airbnb постои од 2008 година, кога двајца дизајнери  во својот дом сместија тројца патници кои бараа сместување. Денес, милиони домаќини и гости отвораат бесплатна сметка на Airbnb за да можат да го рекламираат своето сместување. Сите тројца ко-основачи сè уште се во компанијата.

Чески вели дека постои голема опсесија за тоа како да се најде добра идеја и како да се избере добар пазар.

“По 13 години од основањето на компанијата, мислам дека е поважно со кого работите, наместо  она што го работите. Искрено, дали Airbnb беше добра идеја? Изнајмување на нашите душеци во станот на дизајнери да спијат во нашата спална соба за 70 долари дневно? Не изгледаше како добра идеја “, вели Чески.

“Но, ако имате добри луѓе околу вас, можете да протуркате идеја која изгледа лудо“, додаде тој.

Чески вели дека главната причина што стартапите пропаѓаат е повлекување на партнерот бидејќи губат мотивација или остануваат без пари.

“Затоа, мислам дека е најважно да имаш партнери за да те поддржат“, вели ко-основачот на Airbnb, чија вредност скокна на 100 милијарди долари кога излезе на берза кон крајот на минатата година.

Фото: Facebook