Kodak ќе претстави сопствена крипто валута за фотографи

23

hand-1836356_960_720

Фото: Pixabay

Kodak и WENN Digital склучија партнерство за да креираат платформа за менаџирање со авторски права наречена KODAKOne, како и KODAKCoin, крипто валута којашто ќе им овозможи на фотографите и агенциите поголема контрола врз нивните фотографии.

Како што стои во официјалното соопштение на американската компанија, со помош на blockchain технологијата, KODAKOne платформата ќе создаде шифриран, дигитален фајл за права на сопственост за фотографите, каде што ќе се врши регистрација на нови и стари дела за истите потоа да се лиценцираат.

Целта на Kodak е фотографите да ја користат blockchain технологијата за регистрација на нивните фотографии, а крипто валутата KODAKCoin да биде медиум за размена на платформата. Корисниците со KODAKCoin ќе бидат исплатени за лиценцирање на своите дела веднаш по продажбата. Со ова, аматерите и професионалните фотографи ќе можат да ги продаваат своите дела на сигурна blockchain платформа.

Почетната понуда ќе биде 31-ви јануари 2018 година и е отворена за акредитирани инвеститори од САД, Велика Британија, Канада и други избрани земји.