Кое е „правилото од пет часа“ кое го применуваат милијардерите?

301

Интелектуалниот капитал е човечки капитал. Во основа се развива со читање книги и информирање. Познато е и како „правило од пет часа“ кое го применуваат најуспешните луѓе.

Бил Гејтс, Џек Ма и Илон Маск се меѓу визионерите кои го применуваат „правилото од 5 часа“.

Деловниот магазин CEO пишува дека таткото на американската нација, Бенџамин Френклин, бил првиот кој го применувал ова правило. Фокусот на концептот е едночасовно учење во текот на денот. Освен тоа, Френклин бил посветен и на експериментирање за да оствари личен напредок.

Во 1758 година Френклин изјавил дека најмногу се исплати да се вложи во знаење.

По будењето наутро читал, а подоцна во текот на денот се обидувал идеите да ги претвори во дела. Се претпоставува дека овој начин на живот го направил успешен. Мајкл Симонс, основач на компанијата Empact, разработил „правило на пет часа“. Идејата е да се минува 5 часа неделно или по 1 час секој работен ден во учење, читање на нешто ново.

Така, воопшто не е ни чудно што многу бизнисмени го прифатиле ова правило. Еден од нив е и Бил Гејтс кој годишно чита повеќе од 50 книги. Милијардерот Ворен Бафет дневно чита по 6 часа, додека повеќето полнолетни Американци во просек читаат 20 минути дневно.

Како да го примените ова правило?

Примената подразбира да поминете 1 час дневно или 5 часа неделно во учење или стекнување вештини. Дневно да се чита 1 час, секој ден да се води белешки за тоа што се смета за важно, па идеите да се применат за да се сфати кои од нив се добри, а кои не се добри, пишува магазинот CEO.