Кое занимање не може да го замени роботот

167

Роботите полека навлегуваат во сите сфери од нашиот живот, а вработените стравуваат дека роботите ќе ги заменат и на работното место.

Стравот е оправдан, бидејќи ако му се верува на истражувањето на американската агенција Expert Market, шефот со задоволство би ве заменил со робот.
Дури 70% од менаџерите би вработиле робот во својот тим, а половина од испитаниците не би се чувствувале виновни доколку ги заменат луѓето со вештачка интелигенција.

Шефовите веруваат дека машините се подобри од луѓето во администрацијата, одговарајќи на е-пошта и телефонски повици и пишувајќи извештаи.

Не само што се поефикасни во извршувањето на задачите, гарантирајќи постојано високо и урамнотежено ниво на работа, туку не би заминале на одмор, боледување или отказ во незгоден момент.

Роботите се добредојдени и во ИТ секторот и во финансиите, додека вработените во креативните индустрии како што се маркетингот и дизајнот засега не треба да се грижат бидејќи испитаниците велат дека машините нема да можат да ги заменат луѓето таму.

Според шефовите, роботите не можат да заменат уште една професија – шефовите.