Рестораните за брза храна сè почесто користат технологија за да ги направат нивните производи попривлечни за клиентите.
KFC Канада реши таканаречената “кофичка“ полна со пилешко месо да ја претвори во печатач на фотографиите од паметните телефони.
Кампањата на KFC е во рамки на обележување на 60-годишниот јубилеј. Целта е луѓето да уживаат во храната и во исто време да создаваат спомени за паметење.
Неодамна и Pizza Hut направи сличен подвиг, трансформирајќи ја кутијата за пица во проектор за филмови.