“Кофичката“ со пилешко на KFC се трансформира во печатач на фотографии

24

kfc

Рестораните за брза храна сè почесто користат технологија за да ги направат нивните производи попривлечни за клиентите.

KFC Канада реши таканаречената “кофичка“ полна со пилешко месо да ја претвори во печатач на фотографиите од паметните телефони.

Кампањата на KFC е во рамки на обележување на 60-годишниот јубилеј. Целта е луѓето да уживаат во храната и во исто време да создаваат спомени за паметење.

Неодамна и Pizza Hut направи сличен подвиг, трансформирајќи ја кутијата за пица во проектор за филмови.