Кога Facebook, Apple и Nike би правеле пиво

3

1

Тимот на вработените во компанијата Printsome, британски сервис за печатење маички, низ опуштен разговор дошле на тема како би изгледало кога Facebook, Apple и Nike би правеле пиво. Тие осмислија етикети и претпоставија каков вкус би имало пивото. Еве ги нивните идеи:

2

Facebrew: A beer to connect everyone (Пиво што ги поврзува сите)

Под претпоставка, ова пиво би имало горчливо – сладок вкус, ќе биде освежувачко и возбудливо.

4

Nike: Just Drink It (Само испиј го)

Нискокалорично пиво, направено за луѓе кои уживаат во животот, но внимаваат на себе. Освежувачки производ, со малку таурин (компонента што ја содржи секој енергетски пијалок).

3

iBeer: Drink Differently (Пиј поинаку)

Едноставно пиво со вкус на јаболко. Лесно, органско пиво, со перфектна комбинација на пиво и јаболко.