Кога и зошто ви треба ПР стратегија?

227

pr

Фото: Pixabay

Ако размислувате за проширување, промоција или подобра конекција со клиентите, тогаш ви треба добра комуникација.

Многу луѓе често ги поистоветуваат поимите маркетинг и ПР, како да се иста работа. Но, не сè. Маркетингот се базира на пазарна размена и се наоѓа во сферата на економијата. Односи со јавноста, пак, влегуваат во сферата на комуникологија и служат како дополнителна поддршка на маркетингот, додека примарната функција им е негување на односите со партнерите, потенцијалните соработници и клиенти. Просто кажано, маркетингот ќе ви воведе нов соработник, а ПР ќе го задржи. Добрата ПР стратегија ќе го намали пречникот на работа и ќе помогне во насочување на комуникацијата кон целната публика во вистинско време.

За што подобар увид во важноста на овој сектор, Public relations Sydney донесува пет причини зошто се важни односите со јавноста.

Таргет група

Односите со јавност вниманието прво ќе го посветат на целната публика. Без тоа, вашата порака нема да биде прифатена или сфатена, што значи дека сите напори што сте ги вложиле во одреден проект ќе пропаднат.

Клучни пораки

Во односите со јавност, клучен дел од разговорот, електронската пошта, писмата и сличните облици на комуникација е нагласување на важното. Главен дел на пораката е она што сакате особено да и се истакне на целната група, на начин на кој најбрзо и наједноставно ќе ја воочат, но и запаметат.

Фокусирајте се на вистинските медиуми

Кога знаете кому му се обраќате и што сакате да му порачате, определете на кој начин ќе се огласувате и на кои медиуми ќе им праќате соопштенија. Ако информација за нов шампон ја испратите на медиум специјализиран за автомобилска индустрија, тогаш вашите напори немаат смисол.

Измерете го успехот

Кога користите односи со јавноста, следете ги предностите и бенефициите во работата. Стратегијата на односите со јавноста ќе овозможи мерливи податоци и воочување на постигнувањето на целта.

Подобра комуникација

ПР овозможува подобра комуникација, но и ги подобрува односите со потрошувачите. Овој сегмент на работење добро знае дека нема прашање на кое не може да се одговори, само прашањето е на кој начин ќе се каже.