Кои брендови заминаа, а кои дојдоа во Хрватска за една година?

49

ilica

Долготрајната криза и слабото закрепнување на потрошувачката не ги поштедува ниту водечките светски брендови на кои хрватскиот пазар им е премал и неисплатлив, пишува Вечерњи лист.

Кога е облеката во прашање, тешко дека некој во Хрватска, па и пошироко, може да се мери со шведскиот ланец H&M, кој ја отвори првата продавница во оваа земја во април 2011 година. H&M лани оствари приход од 88 милиони евра, но тоа не е случај со Boss, кој замина од Хрватска, а по негови стапки тргнаа и Armani и Kenzo, потоа Zegna, Brioni, Prenatal, Salsa Jeans…

Работењето во Хрватска не беше исплатливо ниту за OMV, па својот ланец од 63 бензински пумпи им го продаде на Кродукс деривати.

Меѓу брендовите што во последната година си заминаа од Хрватска се и Bricostore, OBI, Limoni, Cocodrillo, а Baumax е во предстечајна спогодба.

Од друга страна, нови брендови влегоа на овој пазар, како полскиот трговец со чевли CCC, потоа Petit Bateau, Orchestra, Next, Blukids, Pepper Street, Napapijri. Наскоро стига и Burger King, се враќа Subway, додека сите се во очекување на големото отворање на првиот продажен објект на шведска Ikea, пишува Вечерњи.