Кои фактори најмногу влијаат на условите за одобрување корпоративни кредити

27

Во поглед на факторите коишто делуваат врз условите за одобрување корпоративни кредити, во рамките на групата трошоци на финансиските средства и ограничувања на билансот на состојба, факторите пристап на банката до пазарно финансирање и ликвидносна позиција на банката придонесуваат за нето-олеснување на кредитните услови, но послабо кај првиот фактор во однос на претходната анкета, покажуваат Анкетата за кредитна активност за четвртиот квартал од 202 година на Народна банка.

Од друга страна, факторот трошоци поврзани со капиталната позиција на банката придонесува за мало нето-заострување, исто како и во претходниот квартал. Кај групата притисоци од конкуренцијата, факторите коишто се однесуваат на конкуренцијата од други банки, конкуренцијата од небанкарскиот сектор и конкуренцијата од пазарно финансирање и понатаму придонесуваат за олеснување на кредитните услови, но посилно во споредба со претходниот квартал. Трите фактори од групата согледување на ризикот, односно очекувањата за вкупната економска активност, очекувањата за перспективата на гранката на која ѝ припаѓа претпријатието, како и ризикот од неизвршување на обезбедувањето, и понатаму придонесуваат за нето-заострување на кредитните услови, но посилно во споредба со претходната анкета.

Во четвртиот квартал на 2020 година, одговорите на банките укажуваат на натамошно нето-заострување на условите за одобрување корпоративни кредити со слична динамика како и во претходната анкета. Сепак, и понатаму најголемиот процент од банките укажуваат на непроменети кредитни услови (околу 95% од банките). Во оваа анкета ниту една од банките не укажа на олеснување на вкупните кредитни услови, за разлика од претходната анкета, кога 12,5% од банките укажаа во оваа насока. Нето-заострувањето на условите за кредитирање на претпријатијата во четвртиот квартал од годината не е во согласност со очекувањата на банките за умерено нето-олеснување дадени во претходната анкета за истиот квартал. За првиот квартал од 2021 година, банките упатуваат на нетоолеснување на кредитните услови за одобрување корпоративни кредити, слично како и во претходната анкета.

Анализирано од аспект на поединечните услови за кредитирање на претпријатијата, во четвртиот квартал банките укажаа на натамошно нето-олеснување на условите кај каматната стапка на кредитите, достасувањата на заемите и големината на заемот слично како и во претходниот квартал. Кај барањата за обезбедување, банките и понатаму укажуваат на нето-заострување, но послабо во споредба со претходната анкета. Исто така, кај некаматните приходи банките укажуваат на натамошно нето-заострување, исто како и во претходната анкета.

Фото: Freepik