Кои карактеристики треба да ги поседувате за да бидете унапредени?

245

Едно од најчестите прашања што го поставуваат вработените е – што треба да направам за да добијам унапредување? Поголемиот дел од луѓето мислат дека потребна е специфична акција или добро завршена работа на некој голем проект и унапредувањето е загарантирано. Тоа е вистина, но исто така понекогаш е потребно да се има и поинаков пристап. Фокусирајте се на ставовите на вработените. Ставовите даваат информации за однесувањето. Ставот е движечката сила на секое достигнување, на секој успех.

Прочитајте ги овие малку поинакви критериуми при донесување на одлука за унапредување на вработените. Тие треба да ги поседуваат следните карактеристики:

1. Скромни, наместо арогантни
2. Оптимисти, наместо песимисти
3. Извршуваат задачи, наместо само да ги планираат
4. Самoсвесни, а не себични
5. Прилагодливи, не ригидни