Кои компании се најпосакувани работодавачи во Европа

3

Според истражување спроведено од страна на консултантската фирма Universum, студентите од Европа, кои посетуваат бизнис студии, најмногу сакаат да работат за технолошките гиганти. Седма година по ред Google се најде на прво место, а листата топ десет изгледа вака:

  1. Google 
  2. L’Oreal Group 
  3. Microsoft 
  4. PriceWaterhouseCoopers
  5. Ernst & Young
  6. KPMG
  7. Deloitte
  8. Goldman Sachs
  9. McKinsey & Company
  10. Boston Consulting Group

Студентите што посетувале инженеринг и ИТ студии, освен технолошки компании одбрале и неколку производители на автомобили, пишува CNN.

  1. Google
  2. Microsoft
  3. IBM 
  4. Siemens
  5. Daimler/Mercedes-Benz
  6. Bosch
  7. General Electric 
  8. Airbus
  9. Intel 
  10. BMW

Со ова истражување биле опфатени 200.000 бизнис, инженеринг и ИТ студенти од 12 eвропски држави.

Фото: Pixabay