Кои намирници не смеат да се подгреваат?

410

spanjakj

Фото: Pixabay

Многу често се случува храната која ја јадеме да ја подгреваме. Па така, за да не ја конзумираме ладна, практикуваме ручекот кој бил приготвен претходниот ден да го затоплиме во микробранова печка, во рерна или на рингла.

За некои намирници ова не претставува проблем, но постојат и такви кои со подгревањето стануваат токсични. Еве кои се тие:

Печурки

Печурките најдобро е да се јадат веднаш после подготовката, а доколку ви остане и за другиот ден, јадете ги ладни. Подгревањето го менува составот на протеините, а и вкусот на печурките не е ист.

Пилешко месо

Исто како кај печурките, доколку подгревате пилешко месо, составот на протеините во него се менува. За разлика од црвеното месо, месото од живина содржи повеќе протеини и затоа загревање на висока температура не се препорачува.

Компир

Нутритивните вредности на компирот во голема мера ќе се изгубат, а истиот ќе стане и токсичен. Затоа јадете го веднаш или ладен. Тогаш содржи најмногу скроб, кој е заслужен за долготрајното чувство на ситост.

Репка

Исто како кај спанаќот, репката содржи нитрати кои не смеат да се подгреваат. Затоа јадете ја ладна следниот ден.

Спанаќ

Спанаќот содржи големо количество нитрати, кој доколку повторно се загреваат преминуваат во нитрити. Тие се потенцијално канцерогени.

Целер

Целерот е најдобро да се извади откако ќе се свари во супа, каде и најчесто се користи, и да се јаде тогаш.

Јајца

Јајцата се високоризична намирница доколку се јаде подгреана. Ова важи и за готвени јадења кои содржат јајца во нивниот состав од типот на мусака и француски компир.