Кои професии имаат најниска стапка на стрес

201

Во време кога постојано сме изложени на стрес, особено на работа, луѓето најчесто не се сложуваат околу тоа која работа е најстресна, а тоа секако е и многу тешко да се одреди. Сепак, меѓу сите професии како најмалку стресни се издвојуваат следниве работи:

Масер

Работејќи како масер би требало да сте под најмал стрес. Додека им помагате на другите да се опуштат и ослободат од напнатоста, работите во атмосфера која е направена да опушта. Исто така, масерите може да го организираат своето работно време.

Фитнес инструктор – тренер

Работата како фитнес инструктор или тренер е една од најмалку стресните работи, а исто така е и една од најдобрите работи за вашето здравје. Вежбањето го намалува стресот и напнатоста, па кога вежбате и им покажувате на другите како да го прават тоа, спаѓа во најмалку стресни работи.

Нутриционист

Нутриционистите, исто така, извршуваат работа во чиј фокус е здравјето и здравата исхрана. Тие своето работно време го поминуваат помагајќи им на другите како да се хранат здраво, па нивната професија спаѓа во најздрава и секако со минимален извор на стрес.

Логопед

Едно истражување во кое учествувале логопеди покажало дека сите го оцениле нивото на стрес во својата професија како едвај забележителнo.

Кројач

Луѓето кои работат како кројачи можат да ја користат својата креативност додека работат, а работното време го поминуваат генерално во мирна и опуштена атмосфера.

Фризер

Работата како фризер може да биде многу напорна поради целодневното стоење и држење на рацете во незгодна положба. Сепак, оваа работа овозможува да ги споите креативноста и склопување на нови контакти со клиенти.

Програмер

Оваа работа ги поврзува креативноста и компјутерските вештини. Програмерите  работат во пријатна средина, но и од дома.

Технички писател

Истражувањата покажуваат дека оваа работа е со ниско ниво на стрес. Техничките писатели имат можност да работат самостојно и без голем притисок. Вообичаено, немаат кратки рокови и затоа степенот на стрес е сведен на минимум.

Фото: Pexels