Кои професии ќе ги снема наредната деценија?

139

Со развојот на вештачката интелигенција се предвидува дека многу професии ќе бидат заборавени, а роботите ќе ги преземат повеќето од работите што луѓето сега ги работат.

Промената ќе влијае и на некои професии кои во моментот се безбедни. Всушност, веќе има забележителни трендови во таа насока во областа на финансиското советување, превод и транспорт. Реалноста е дека деловниот пазар постојано се менува.

Пред само неколку години, луѓето беа тие кои наплатуваа за услуги, од аеродроми,  железнички станици, супермаркети, гаражи, сè до патарини на автопатите. Денес, плаќањата се вршат со помош на уреди и паметни телефони.

Покрај тоа, во следните 10 години, возачи, преведувачи, новинари, туристички водичи, работници на производствените линии и библиотекари, сите ќе бидат заборавени како професии, пишува Меѓународното кинеско радио (CRI).

Од друга страна, програмери, архитекти, професионалци за односи со јавност, правници, судии, наставници, тренери, психијатри, како професии поврзани со менталното и физичкото здравје, ќе бидат изложени на помал ризик од исчезнување.

Во извештајот на Светскиот економски форум за иднината на професиите, објавен во септември, се сугерира дека 75 милиони работни места ќе исчезнат до 2022 година поради вештачка интелигенција. Во исто време, се очекува да се создадат околу 133 милиони нови работни места, што е скоро двојно.

Фото: Pexels