Критичарите на Мишелиновите ѕвезди тргнаа во “поход“ по белградските ресторани уште пред еден месец. Не се знае кои ресторани досега ги посетиле, како и тоа кои планираат да ги посетат, а имаат време до 14-ти декември кога ќе бидат познати резултатите, пишува Vino i fino.rs.
Засега, како што се шпекулира, убедлив фаворит за добивање ѕвезда се Homa, Langouste и Salon 5. Сите три ресторани имаат висока кујна, со препознатливи шефови, од кои двајца се сопственици. Шефот Филип Чириќ, еден од пионерите на fine dining во Србија, заедно со неговите партнери стои зад концептот на Homa. Поради Никола Нараџица, светски гастроном и идеален творец на Salon 5 и 1905, доаѓаат гости од сите краишта на светот, но сепак најмногу се зборува за ресторанот Langouste, бидејќи на негово чело е шефот Гијом Искандар, шеф кој има работено во ресторани што имаат Мишелинови ѕвезди.
Приказната со ѕвездите на Michelin започнува во 1899 година, кога Андре Мишелин го објавил првиот број на водичот – Le Guide Michelin, за да можат сопствениците на автомобили да се информираат за тоа каде можат да наточат гориво, да го поправат автомобилот, но и во кои гостилници има добра храна и пијалаци.
Неколку години подоцна, овој водич станува своевидна гурманска библија, а денес е најдобар водич на ресторани и врвни готвачи.
Овој водич има сопствен систем со којшто се вреднуваат најдобрите хотели и ресторани. Битни критериуми за оценка се: квалитет на производот, вештина за создавање мирис во кујната, оригиналност на кујната, цена (просечната цена се одредува врз основа на локални стандарди) и доследност на посетителите.
Ѕвезди добиваат ресторани со најдобра кујна, без оглед на нејзиниот вид, а ѕвездите само го оценуваат она што е сервирано, не земајќи ги предвид ентериерот, декорациите, квалитетот на услугите и поставување на масите. Стандардизацијата не постои како критериум за квалитет, туку само квалитет на различно ниво.
Фото: Freepik