Кои се 10-те најдолги летови во светот

146

Оваа година е успешна за светските авиопревозници, по претходната, која поради пандемијата беше погодена од пад на патувањата и затворање на многу линии.

2021 година ќе биде запаметена по 50 отсто помалку летови во споредба со 2019 година, а патничкиот сообраќај е намален за две третини, објави агенцијата за туристичка аналитика Цириум. И покрај тоа, или можеби поради тоа, авиокомпаниите оперираа некои навистина исклучителни линии.

Travel+Leisure претставува листа на 10 најдолги летови во светот.

Еве ја листата:

1. Њујорк (JFK) – Сингапур (SIN)
Авиокомпанија: Singapore Airlines
Растојание: 9.537 милји
Време на лет: 18 часа, 40 минути

2. Окленд (АКL) – Доха (DOH)
Авиокомпанија: Qatar Airways
Растојание: 9.032 милји
Време на лет: 18 часа, 5 минути

3. Перт (PER) – Лондон (LHR)
Авиокомпанија: Qantas
Растојание: 9.010 милји
Време на лет: 17 часа, 15 минути

4. Окленд (АКL) – Дубаи (DXB)
Авиокомпанија: Emirates
Растојание: 8.824 милји
Време на лет: 17 часа, 5 минути

5. Лос Анџелес (LAX) – Сингапур (SIN)
Авиокомпанија: Singapore Airlines
Растојание: 8.770 милји
Време на лет: 17 часа и 50 минути

6. Сан Франциско (SFO) – Бангалор (BLR)
Авиокомпанија: United Airlines
Растојание: 8.701 милји
Време на лет: 17 часа и 25 минути

7. Хјустон (IAH) – Сиднеј (SYD)
Авиокомпанија: United Airlines
Растојание: 8.596 милји
Време на лет: 17 часа, 45 минути

8. Далас/Форт Ворт (DFW) – Сиднеј (SYD)
Авиокомпанија: Qantas
Растојание: 8.578 милји
Време на лет: 17 часа, 15 минути

9. Њујорк (JFK) – Манила (МNL)
Авиокомпанија: Philippine Airlines
Растојание: 8.520 милји
Време на лет: 16 часа, 55 минути

10. Сан Франциско (SFO) – Сингапур (SIN)
Авиокомпанија: Singapore Airlines и United Airlines
Растојание: 8.446 милји
Време на лет: 17 часа; 17 часа, 35 минути (во зависност од авиокомпанијата)