Кои се добитници на Нобелова награда за економија?

88

Оваа година, Нобеловата награда за економија беше доделена на тројца економисти кои користеа експерименти во природата и човечкото општество за да ги докажат своите теории. Дејвид Кард, Џошуа Ангрист и Гвидо Имбенс ќе ја поделат наградата, објави денеска Кралската шведска академија на науките во Стокхолм.

Првата награда во областа на економијата беше доделена во 1969 година.

Паричната награда од 10 милиони шведски круни (околу 1,13 милиони долари) ќе ја поделат тројцата економисти, а Кард ќе добие половина од оваа сума, додека Ангрист и Имбенс ќе добијат по една четвртина, пренесува Yahoo Finance.

Кард се посвети на истражувањето на пазарот на трудот, додека Ангрист и Имбенс се креатори на научната работа за причинско-последичните односи, односно каузалноста во економските односи.