Кои се државите со највисоки стапки на персонален данок на доход

23

„Смрт и даноци“ е израз кој често му се припишува на американскиот претседател Бенџамин Френклин.

„Нашиот нов Устав сега е на сила и ветува стабилност; но во овој свет ништо не може да се каже дека е сигурно, освен смртта и даноците – Френклин, во писмото до Жан-Батист Ле Рој, 1789 година.

Иако САД се познати како земја во која се плаќаат високи даноци и каде за некои навидум сериозни прекршоци можете да избегате од рацете на законот, а ако не го платите данокот, сигурно ќе ве стигне, во Америка не се плаќа највисок персонален данок.

Во продолжение погледнете ја листата на земји каде државата „праведно“ ќе ве оданочува:

Граѓаните на Финска плаќаат највисок данок (56,95%). На второ место се државјаните на Данска (56%) и на трето се државјаните на Јапонија (55,97%). Сите три земји постојано се во првите 10 најскапи земји за живеење, пренесува Банкар.ме.