Кои се идните млади милијардери во источна Европа?

93

Бранко Милутиновиќ од Србија, Мате Римац од Хрватска, Константин Рангелов од Бугарија и Ростислав Кнап од Полска се најдоа на листата најуспешни млади претприемачи и идни милијардери во источна Европа, според Slavorum.org.

Инаку, Бранко Милутиновиќ е основач на компанијата Nordeus, што се занимава со развој на мобилни игри и е една од најбрзорастечките во Европа. Тој порано работел за Microsoft, а по професија е програмер.

“Ова не го правиме за да се збогатиме, туку само сакавме да живееме од игри“, изјавил Милутиновиќ во една прилика.

Негов најпопуларен производ е Top Eleven Football Manager, игра што симулира управување со фудбалски тим, а заштитно лице на играта е Жозе Мурињо.

Хрватот Мате Римац стои зад најбрзиот електричен автомобил во светот, со што стана пионер во автомобилската индустрија со Rimac Automobili. Slavorum нотира дека Римац го продава својот автомобил Concept One за 750.000 евра, а неговите автомобили се продаваат со голем интензитет.

Рангелов од Бугарија стои за компанијата Dromanics. Идејата за неговиот старт – ап дошла за време на неговите студии во Холандија, кога сакал домашно сирење од неговата земја. Тој барал едноставен и брз начин на транспорт на производи на одредено растојание, по што создал летало што може да пренесе товар до 350 килограми. Заедно со Римац се дел од листата 30 under 30 на Forbes.

Кнап од Полска е експерт за финансии и стои за неговиот CallPage, онлајн сервис што го следи однесувањето и активностите на интернет страниците. Тој не е програмер, туку има искуство како менаџер за човечки ресурси, финансиски и деловен советник.

Фото: Pixabay