Кои се најбогати “инстаграмџии“ оваа година?

154

Американската моделка Кајли Џенер заработува најмногу благодарение на нејзиниот профил на Instagram, покажува листата Instagram Rich List 2019.

Џенер има 139.226.677 следбеници на оваа социјална мрежа, а за еден пост на Instagram таа заработи 1.266.000 долари.

Втора на оваа листа е американската пејачка Аријана Гранде, која има над 158 милиони следбеници на Instagram, а од еден пост заработи 996.000 долари.

Од еден пост на Instagram, португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо инкасираше 975.000 долари, благодарение на неговите 172,8 милиони следбеници.

Четврта на листата е американската старлета Ким Кардашија со заработка од 910.000 долари од еден пост, а веднаш зад нејзе е американската пејачка Селена Гомез со заработка од 886.000 долари од само еден пост.

На дното на оваа листа се најде Бред Лау од Сингапур, кој е уредник на списание за патување и храна. Тој има 608.193 следбеници на Instagram, а од еден пост заработил “само“ 1.700 долари.

Фото: Pixabay