Кои се најбогатите Европејци

35

Најбогатиот Французин, исто така и најбогатиот Европеец, е Бернард Арно. Неговото богатство е 147,6 милијарди долари и тој е трета најбогата личност во светот.

Тој е сопственик на компанијата LVMH, која е најголемиот светски производител на луксузни стоки. Меѓу неговите брендови се Louis Vuitton, Bulgari, Moet, Hennessy, шампањот Dom Perignon, часовници TAG Heuer.

Најбогат Шпанец е Амансио Ортега со богатство одоколу 63 милијарди долари. Тој е сопственик на Inditex, кој вклучува модни брендови како добро познатите Zarа, Pull&Bear, Massimo Dutti, Bershka, Stradivarius…

Дитер Шварц е најбогатиот Германец. Тој е сопственик на трговскиот ланец Lidl. Неговото богатство се проценува на повеќе од 34,8 милијарди долари.

Џовани Фереро, со проценето богатство според Forbes од 26,3 милијарди долари, е најбогатиот Италијанец. Тој е сопственик на позната компанија Ferrero позната по слатки производи, како што се Nutellа, Raffaellо, Ferrero Rocher.

Џовани го презеде управувањето со компанијата по смртта на неговиот брат во 2011 година.

Најбогат Британец е Џејмс Дајсон со 5,8 милијарди долари. Тој е пронаоѓач, индустриски дизајнер, основач на Dyson. Познат е како пронаоѓач на правосмукалката Dual Cyclonе.

Дитрих Матешиц, ко-сопственик на Red Bull, е најбогатиот Австриец со богатство од 26.9 милијарди долари.

Фото: Pixabay