Кои се најдобри работодавачи во Хрватска оваа година?

21

Порталот Mojposao спроведе истражување за задоволство на вработените, па од тие податоци ги прогласи и најдобрите работодавачи во Хрватска за оваа година.

Станува збор за анонимно истражување, чии учесници се компании кои сами се пријавуваат, а се оценува задоволството на нивните вработени. На тој начин, како што се наведува, се утврдува во кои компании во овој момент е најдобро да се работи во Хрватска.

Најдобри работодавачи за оваа година, во категоријата големи компании се: dm – drogerie markt, Rimac Automobili и Zubak Grupa. Во категоријата средни компании, најдобри работодавачи во Хрватска се: Infinum, Degordian Hrvatska и Nova Gratia. Кај малите претпријатија, оваа година најдобри работодавачи се: COBE, Mediatoolkit и Micro Link.

Оваа година во истражување на задоволството на вработените во Хрватска учествуваа 52 компании (46% средни, 38% мали, 13% големи и 3% микро), а свои одговори дале 4.500 вработени. Вкупната оценка на сите компании, коишто оваа година, беа дел од истражувањето е 2,88 од највисока 4.

Фото: Pexels