Кои се најдобри директори во светот?

56

Долгогодишниот претседател на Управата на американската информативна компанија Nvidia, Јенсен Хуанг (на возраст од 56 години) беше прогласен за најдобар извршен директор на светот за 2019 година во овогодишниот избор на престижниот магазин Harvard Business Review.

Хуанг, како што пренесува Business Insider, е на врвот на листата на првите 100 извршни директори во светот во годинашниот избор на деловното списание што го издава истоимениот реномиран американски Универзитет.

Вториот на годинешниот список на Харвард, Марк Бениоф, се наоѓа на чело на информатичкиот  гигантот Salesforce, додека трет е Франсоа – Хенри Пинаул, извршен директор на Kering, трговец со луксузни модни брендови.

Меѓу првите десет извршни директори во светот во оваа селекција се избрани: Ричард Темплетон (првиот човек на  електронскиот див Texas Instrument), Игнасио Галан (Iberdrola од Шпанија, компанија за енергетика), Шантан Нарајен (Adobe, информатика), Ајај Банга (Mastercard), Јохан Тис (белгиска KBC банка и осигурување), Сатја Надела (Microsoft) и Бернард Арно, извршен директор на уште еден француски гигант во трговијата со луксузна стока, LVMH.

Меѓу најдобрите 35 врвни менаџери на врвот на светските компании, според Харвард, има само три жени. Тоа се Ненси МекКинстри, шеф на холандски давател на услуги за глобални информации, Лиси Су, извршен директор на информатичката компанија Advanced Micro Devices и Дерби Кафаро на чело на американскиот гигант за недвижнини Ventas, пренесуваат  медиумите.

Светските медиуми забележуваат дека на овогодишната листа на Топ 100 најдобри на Харвард магазинот не се вклучени во рангирањето менаџерите, односно челниците на водечките светски компании, како што е основачот на Амазон, Џеф Безос, кој беше прв на оваа листа во 2014 година.

Во минатогодишниот избор на Harvard Business Review, Јенсен Хуанг бил на второ место, пред него, односно прв на листата на најдобри бил Пабло Иса, лидер на шпанскиот ланец за малопродажба Inditex.

Инаку, Хуанг е доселеник од Тајван, кој студирал инженерство и електроника на универзитетите во Орегон и Стенфорд. Тој заедно со своите партнери ја основал Nvidiа во 1993 година, веднаш избирајќи ја долгорочната растечка бранша за производство на моќни компјутерски чипови за создавање брза графика за видео игри. Помеѓу 2015 и 2018 година, вредноста на Nvidiа се зголеми за 14 пати.

Додека ги потенцираше финансиските перформанси на Nvidiа и придонесот на Хуанг во растот на компанијата, Haravrd Business Review посочува дека во годинешната селекција на Топ 100 се применувал нов метод на бодување, во кој врвните светски бизнис лидери – управители се бодувани во поширок обем и низ резултатите што ги постигнале во општествено одговорното работење.

Во прилог на потребата за промена во начинот на бодување во изборот на најдобрите, магазинот го наведува неодамна објавено заедничко писмо од 180 врвни американски менаџери во кое го означиле крајот на капитализмот, со тоа што ги етикетирале компаниите што својот развој го темелат исклучиво на профитот и финансиските резултати.