Кои се најдолгите летови во светот?

148

Општо е познато дека воздушниот сообраќај е меѓу најбезбедните, пред сè, поради развојот на технологијата, но и ниската стапка на смртност при сообраќајни несреќи. Но, постојат луѓе кои се плашат да се качат во авион и за најкратко време да стигнат на посакуваната дестинација. Сепак, постојат дестинации во светот кои во денешно време е најлесно да се “прелетаат“.

Подолу е листа на најдолги летови во светот за оваа година.

Сингапур – Њуварк

Овој лет го има приматот на најдолг за оваа година и тоа со право бидејќи Сингапур од градот Њуварк во Њу Џерси е оддалечен 15.300 километри. Патниците уживаат во летот што трае 18 часа и 30 минути.

Оукленд – Доха

Станува збор за дистанца меѓу градови во Нов Зеланд и Катар, оддалечени над 14.400 километри. Овој лет со Boeing 777 трае 17 часа и 30 минути.

Перт – Лондон

За оние кои патуваат од Велика Британија до Австралија и обратно го имаат третиот најдолг лет од, исто така, околу 14.400 километри и времетраење од 17 часа и 25 минути.

Дубаи – Оукленд

Патувањето од Обединетите Арапски Емирати до градот Оукленд во Нов Зеланд со Airbus А380 трае 17 часа и 10 минути, а за тоа време поминува дистанца од 14.200 километри.

Сингапур – Лос Анџелес

Точно 14.000 километри е дистанцата меѓу Сингапур и Лос Анџелес, што се поминува за 17 часа и 50 минути со Airbus A 350.

Фото: Pixabay