Кои се најголеми извозници и увозници на ѓумбир во светот?

57

Ѓумбирот во последно време станува сè попопуларна намирница поради лековитите својства.

Кина е најголем извозник на ѓумбир со 526 милиони долари. Според податоците на Observatory of economic complexity, Перу е втор најголем извозник на ѓумбир во висина од 55,4 милиони долари, по што следуваат: Тајланд (50 милиони долари), Индија (36,6 милиони долари) и Холандија (36,4 милиони долари).

Од друга страна, најголеми увозници на ѓумбир во светот се: САД (111 милиони долари), Јапонија (96,7 милиони долари), Холандија (82,9 милиони долари), Пакистан (62,2 милиони долари) и Германија (46 милиони долари).

Фото: Pixabay