Кои се најголеми извозници на паладиум во светот?

154

Паладиумот е благороден метал што се употребува при изработка на накит, часовници, во стоматологијата, за ленти за тестирање шеќер во крвта и за изработка на хируршки апарати. Минатата година извозот на овој благороден метал достигна вредност од скоро 14 милијарди долари.

Русија е топ извозник на овој благороден метал во висина од 2,8 милијарди долари, што е околу 20% од вкупниот извоз. Следува Велика Британија со извоз од 2,7 милијарди долари, додека на трета позиција се најде Јужна Африка со извоз на паладиум во висина од 2,2 милијарди долари.

Меѓу 10-те извозници на паладиум во светот лани се најдоа и: САД (2,1 милијарди долари), Германија (1,4 милијарди долари), Италија (890 милиони долари), Швајцарија (520 милиони долари), Канада (268 милиони долари), Белгија (236 милиони долари) и Јапонија (212 милиони долари).

Фото: Pexels