Кои се најголеми извозници на пестициди во светот?

45

Извозот на пестициди минатата година достигна вредност од 36,3 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Најголем извозник на пестициди на глобално ниво е Кина, којашто од продажба на странски пазари заработи скоро пет милијарди долари.

Меѓу петте најголеми извозници на пестициди во светот се и: САД (4,1 милијарди долари), Германија (четири милијарди долари), Франција (четири милијарди долари) и Индија (3,4 милијарди долари).

Инаку, пестициди се производи од хемиско или биолошко потекло што се наменети за заштита на растенија и животни од различни болести и штетници.

Фото: Pixabay