Кои се најголеми српски извозници

40

Фото: Pixabay

Најголемиот српски извозник во првите пет месеци од оваа година е сопственик на железарницата во Смедерево, HBIS, а потоа следат Fiat Chrysler Србија и Тигар, пренесува српска Политика.

Вкупната вредност на извозот 15 најголеми извозници во периодот јануари – мај оваа година, изнесуваше 1,7 милијарди евра.

Прва на листата извозници е HBIS со извоз во вредност од 313,2 милиони евра, потоа Fiat Chrysler од Крагуевац со 251,6 милиони евра и на трето место е Тигар од Пирот со 170,2 милиони евра.

Најзначајни производи што се извезле во периодот јануари – мај оваа година се електрични машини и апарати, како и патнички возила.