Трет најголем извозник по Кина и САД, Германија лани извезла производи и услуги во вредност од 1,4 трилиони (илјади милијарди) долари, што е за 4,5% помалку во споредба со 2018 година.
Најголем дел од извозот на Германија или 8,9% завршува на пазарот на САД, од каде што западноевропската земја инкасираше 132,8 милијарди долари.
Меѓу петте најголеми извозни пазари на Германија лани беа и: Франција (119,5 милијарди долари), Кина (107,5 милијарди долари), Холандија (93 милијарди долари) и Велика Британија (88 милијарди долари).
Меѓу најголемите извозни компании на Германија, според податоците на World’s top exports, се: Adidas (спортски бренд за облека и обувки), Allianz (осигурителна компанија), BASF (хемиска индустрија), Bayer (хемиска индустрија) и BMW Group (автомобилски бренд).
Фото: Freepik