
Објавени се интересни информации кои се најголемите авиокомпании од регионот на поранешна Југославија.
На прво место е нискобуџетната компанија Wizz Air, која во јули годинава имаше капацитет од 641.042 седишта. Тоа е зголемување од 72,2 отсто во однос на 2019 година.
На второ место е Ер Србија со капацитет од 553.644, со раст од 45,5 отсто во однос на 2019. Оваа компанија е сериозен конкурент на европските нискобуџетни гиганти.
Следува Рајанер со 530.800, но со раст до 221,8 отсто во однос на 2019 година. Овој превозник, значи, има убедливо забрзан раст и опасно се доближува до првата позиција.
Следат easyJet, Croatia Airlines (пад од 13,9 проценти), Lufthansa, Eurowings (пад од 17,9 проценти) и Austrian Airlines.
Листата на најголеми авиокомпании во нашиот регион ја затвора Туркиш ерлајнс со раст од 12,2 отсто во однос на 2019 година, пренесува Банкар.ме.