Кои се најголемите купувачи на руска нафта

191

Магазинот Forbes објави список на најголеми купувачи на руска нафта минатата година. На врвот на листата се најде кинеската нафтена корпорација на China oil.

China oil најмногу купува нафта од Rosneft, 39,7 милиони тони. Таа за оваа количина одвојува 18,3 милијарди долари. Според  магазинот, Кина во 2019 година постави нов рекорд за увоз на нафта. Во споредба со 2018 година, испораките се зголемени за 9,5 % и достигнаа 500 милиони тони, и го одржува статусот на најголем купувач на руска нафта.

Првите четири места на списокот останаа непроменети од минатата година. Второто место му припадна на швајцарскиот трговец Lukoil Litasco, кој минатата година купи 38,3 милиони барели нафта за 17,4 милијарди долари.

На третото место е Rosneft trading, кој купи 28 милиони тони за 12,5 милијарди долари.

На четвртото место е “ќерката“ на француски Total со 22 милиони тони, вредна 10,2 милијарди долари. На петто место е приватната кинеска компанија SEFC (9,3 милиони тони за 4,5 милијарди долари), пренесува Спутник.

Во првите 10 влегоа и швајцарскиот Glencore и британскиот QHG, полскиот нафтен концерн Orlen, руски Tatneft и Royal Dutch Shell.

Фото: Facebook