Кои се најмоќните туристички градови

91

Британскиот непрофитен World Travel & Tourism Council ги анализираше податоците за туризмот од 2022 година и објави листа на најмоќните туристички градови во кои луѓето трошат најмногу пари.
Покрај податоците за билетите за музеи и цените на хотелите, беше анализирано и колку владите инвестираат во градовите како туристички дестинации. Париз го зазеде првото место на листата на најмоќни градови.

Меѓу другото, беше наведено дека Париз се подготвува да биде домаќин на Летните олимписки игри во 2024. Иако ќе бидат изградени помалку од пет проценти од објектите, градот инвестира ресурси во инфраструктурата и безбедноста и други мерки. Пресметката покажа дека приходот од туризмот во Париз изнесува 35,6 милијарди долари.

Исто така, интересно е да се забележи дека популарноста на Блискиот Исток вртоглаво порасна во изминатата деценија. Сепак, луксузните Дубаи и Доха, коj беше домаќини на Светското првенство, не се најдоа на оваа листа и покрај нивните високи примања, бидејќи во другите категории се покажаа слаби.

Списокот на најмоќните туристички градови сега изгледа вака:

1. Париз, Франција
2. Пекинг, Кина
3. Орландо, САД
4. Шангај, Кина
5. Лас Вегас, САД
6. Њујорк, САД
7. Токио, Јапонија
8. Мексико Сити, Мексико
9. Лондон, Англија
10. Гуангжу, Кина