Извршните директори на светски познати компании заработуваат огромни суми пари на годишно ниво. Илон Маск, основач на Tesla и SpaceX, е најплатениот извршен директор во Соединетите држави во 2019 година (со плата од 595,3 милиони долари), според индексот на плати на Bloomberg.
Пред некој ден Маск стана 5-ти најбогат човек на планетата.
На листата на Bloomberg се наоѓаат и следниве имиња:
Илон Маск – Tesla Inc. – 595.266.705 долари
Тим Кук – Apple Inc. – 133.727.869 долари
Том Рутлеж – Charter Communications Inc. – 116.995.201 долари
Џозеф Џанџело – ViacomCBS Inc. – 116.565.495 долари
Sumit Sing Сумит Синг- Chewy Inc. – 108.158.705 долари
Џонатан Греј – Blackstone Group Inc. – 107.630.680 долари
Роберт Свон – Intel Corp. – 99.022.847 долари
Сундар Пичаи – Alphabet Inc. – 86.162.752 долари
Сатја Надела – Microsoft Corp. – 77.289.149 долари
Даглас Инграм – Sarepta Therapeutics Inc. – 70.228.746 долари
Фото: Freepik