Маск дотурка до петто место меѓу најбогатите

58

Основачот на компанијата Тesla, Илон Маск сега е петтиот најбогат човек во светот, “тежок“ 74 милијарди долари.

Маск го зголеми своето богатство откако вредноста на акциите на Tesla продолжува да расте. Тие достигнаа цена од 1.643 долари, што е за 300% повеќе отколку во јануари 2020 година.

Сега, Tesla вреди повеќе од General Motors, Ford, BMW или Ferrari. Тој го надмина секој ривал и стана највредниот производител на автомобили во светот.

На прашањето за неговото богатство, Маск рече: “Навистина не можев да се грижам помалку. Овие бројки се зголемуваат и паѓаат, но она што е навистина важно е создавање на одлични производи што луѓето ги сакаат“.

Маск имаше нешто помалку од 25 милијарди долари во март и беше на 31-то место на списокот на богатите според магазинот Forbes. Оттогаш, неговото богатство тројно се зголеми.

Сега тој е само зад основачот на Facebook, Марк Цукерберг, кој е четврти најбогат, Бил Гејтс, Бернард Арно и Џеф Безос кој е на врвот.

Фото: Facebook