Кои се најплатени работни места во 2021 година

191

Може ли да имате работа од која сте многу задоволни, а во исто време да имате шестцифрена плата? Да, ако изберете паметно.

Многу извештаи објавени изминатите денови имаат еден заеднички заклучок, а тоа е дека тие го нашле одговорот на прашањето кои се најдобрите работни места за оваа година, а кои се платени над 100.000 долари годишно или повеќе.

За првпат по три години, програмерите не успеаа да ја одржат позицијата број еден. Стоматолозите, исто така,беа исфрлени од најдобрите пет оваа година и се најдоа на деветтото место на листата.

Оваа година, првото место му припадна на асистент лекар (просечна плата од 112.260 долари годишно, потоа следи софтверски програмер (107.510 долари годишно), медицинска сестра (110.700 долари годишно), менаџер на медицински и здравствени услуги (100.980 долари годишно) и лекар (206.500 долари годишно).

Истражувачите ги разгледале работните места со најголем проектиран број и процент на отворања од 2019 до 2029 година, утврдени од Американското биро за статистика на трудот. Тие потоа разгледале низа други фактори оценети на скала од еден до 10, вклучително и ниво на стрес, идни перспективи за кариера, стапка на невработеност и предвиден десетгодишен раст на бројот на овие работни места.

Посебното рангирање на познатиот Glassdoor за 50 најдобри работни места во Америка за 2020 година ги смести на врвот инженерите (компјутерски програмери кои заработуваат просечна основна плата од 105.240  долари годишно), а според Бирото за статистика на трудот, кое исто така се совпаѓа со оваа листа, следуваат Java програмери (83.589 долари), научник за податоци (107.801 долари), менаџер на производи (117.713 долари) и инженер (107.310 долари).

Рејтингот на Glassdoor беше одреден со мерење на три фактори: потенцијал за заработка (просечна годишна основна плата), вкупен рејтинг на задоволство од работата и бројот на слободни работни места. За да се разгледа називот на работното место, тој мора да добие најмалку 100 извештаи за плати и најмалку 100 оценки за задоволство од работата што ги споделуваат американските работници во текот на една година.

Фото: Freepik