Koи се најплатените спортисти на Олимписките игри?

187

Со спектакуларна церемонија во петокот беа отворени 33. Летни олимписки игри во Париз.

На натпреварот дојдоа повеќе од десет и пол илјади спортисти, а меѓу нив има и многу ѕвезди кои заработуваат баснословни бројки од плати, бонуси и награди.

Порталот Спортико ги издвои 20-те најплатени спортисти и сите, секако, се познати имиња.

Лидер на листата е шпанскиот голфер Џон Рам, чија вкупна годишна заработка е околу 210 милиони долари.

На следните четири позиции се НБА кошаркарите Леброн Џејмс, Стивен Кари, Џанис Антетокунмпо и Кевин Дурент со заработка од 128, 102, 101, односно 90 милиони долари.

Од спортистите од регионот, Никола Јокиќ е на деветтото место со заработка од околу 55 милиони долари, а Новак Ѓоковиќ е на осумнаесеттата позиција со околу 39 милиони долари.

Комплетната листа погледнете ја ТУКА.

Фото: facebook