Алкохолните пијалаци се направени за да уживаме во нив додека ги пиеме. Секој пијалак крие некоја своја приказна од самото негово создавање, па сè до намената за која се пие. Најдобрите алкохолни пијалаци секогаш доаѓаат по многу високи цени, па еве една листа на десетте најскапи пијалаци во светот.
Billionaire Vodka – 3,7 милиони американски долари: иако овој пијалак не е еден од тие пијалаци кои се доста ретки бидејќи веќе не се произведуваат, се доста стари и се многу ретки, сепак се наоѓа на врвот на оваа листа најмногу поради неговата автентичност. Billionaire Vodka којшто доаѓа од Leos Verres Luxury Group е шише исполнето со пет литри најчиста и најблага вотка направена по руски рецепт, со дестилација на чиста пченица и кристално чиста вода. Шишето е покриено со приближно 3.000 дијаманти и Swarovski кристали кое е дизајнирано од Leon Verre.
Henri IV Dudognon Heritage Cognac Grande Champagne – два милиони американски долари: произведено во 1776 година, овој пијалак е спакуван во шише натопено во 24 K Yellow Gold & Sterling Platinum и украсено со 6.500 сертифицирани брилијантно пресечени дијаманти дизајниран од познатиот златар Jose Davalos.
Russo-Baltique Vodka – 1,35 милиони американски долари: кога станува збор за вотка, може речиси слепо да им верува на Русите за квалитет и разновидност. Шишето изработено од монети ковани меѓу 1908 и 1912 година, период кога компанијата го произведува својот прв автомобил, е создадено за одбележување на стогодишнината на компанијата.
Diva Vodka – еден милион американски долари: ако сакате нешто поразлично тогаш треба да размислите за оваа вотка којашто е единствената вотка во светот што се филтрира низ скапоцени камења, откако се филтрира на традиционалниот начин.
Mendis Coconut Brandy VS – еден милион американски долари: кога ќе се спомене кокос сите би се согласиле дека во комбинација со други алкохолни пијалаци, како коктел е доста добар. Но тука станува збор за ракија направена од кокос во целост, а секое шише е посебно нумерирано и потпишано од страна на основачот на компанијата, W.M Mendis.
Macallan 64 Year Old In Lalique – 625.000 американски долари: ова познато виски е најскапото виски. Познато по тоа што произведува висококвалитетно single-malt виски, и фактот што само четири шишиња биле произведени, дополнително ја објаснуваат високата цена на ова старо виски. И да не заборавиме дека секое виски е сместено во посебно дизајниран кристален декантер, создаден со цел да ја прослави 150-годишнината од раѓањето на René Lalique, основач на француските занаетчии на кристали.
1945 Romanee-Conti Wine – 558.000 американски долари: кралот на колекционерските вина, а 1945 година се смета за негова најценета берба. Виното кое е опишано како “концентрирано и егзотично, со навидум вечна моќ – вино во мир со себе“ е произведено во 600 шишиња.
Armand de Brignac Midas – 265.000 американски долари: супер познато и популарно поради раперите и спортските ѕвезди, ова е најскапиот шампањ во светот. Овој пијалак старее околу 30 години и користи некои од најдобрите сорти на грозје за да го постигне својот карактеристичен вкус.
Dalmore 62 – 125.000 американски долари: ова виски е голема мистерија, бидејќи никој не знае од каде го добива своето име или процесот што го направи единствен. Создадени само 12 шишиња, последното од нив е продадено на аеродромот во Сингапур.
The Sapphire Revelation By Bombay – 200.000 американски долари: едно од најпрепознатливите шишиња џин доаѓа во форма на скапоцен камен изработено од Baccarat crystal.
Преземено од: Машки Магазин
Фото: Pixabay