Кои се најскапите градови за гастарбајтери

Главниот град на Туркменистан, Ашкабад, е најскапиот град во светот за странски работници, покажуваат резултатите од годинешното истражување на трошоците за живот спроведено од американската компанија Mercer за управување со имот.

Годишниот извештај на Mercer рангира 209 градови во светот врз основа на споредба на трошоците за живот, што вклучува трошоци за домување, превоз, храна и забава, користејќи го Њујорк како компаративна основа, јави CNN.

Ашкабад, кој беше втор на минатогодишната листа, се рангира во групата 10 најскапи градови за странски работници, во која има главно светски деловни и финансиски центри како Хонгконг, кој беше најскап лани и втор оваа година, потоа Токио (четврти), Цирих (петти) и Сингапур (седми).

Според извештајот на Mercer, сегашната финансиска криза во Туркменистан, која резултира со недостиг на храна и хиперинфлација, доведе до скок на трошоците за живот во Ашкабад во последните неколку години.

Македонскиот главен град Скопје се наоѓа на 192 место на листата.Според листата од 2020 година, Скопје бил на 202 место, што претставува скок на листата од 10 места.

Како најголемо изненадување во однос на минатогодишното истражување, Mercer го посочува Бејрут, кој скокна од позицијата 45-ти  во 2020 година, на третото место оваа година.

Европските градови, исто така, беа рангирани релативно како поскапи од американските градови оваа година, со еврото што се зголеми речиси 11% во однос на доларот, што резултираше Њујорк дури и да не се најде меѓу првите 10, додека Париз се искачи од минатогодишното 50. на 33. место.

Што се однесува до најевтините градови за работници од странство, на “долниот“ дел на рангирањето се наоѓаат Тбилиси, главниот град на Грузија (207. место), Лусака, Замбија (208) и главниот град на Киргистан, Бишкек (209).

Фото: Pixabay