Кои се најскапо продавани намирници годинава

510

Секој ужива во одреден вид на храна. И додека некој едвај си ја дозволува друг може да се “разгали“ со неверојатно скапи деликатеси. Следниве неколку намирници чинат мало богатство и се најскапо продавана храна за оваа година.

Остриги – 100 за парче

Особено скапи се остригите што се ловат кај Coffin Bay предел во Јужна Австралија. Една острига чини до 100 долари.

Сушена Ибериска шунка – 400 долари за килограм

Она што е специфично за оваа скапа намирница е времетраењето на процесот на сушење  – цели 36 месеци.

Матсутаке печурки – 600 долари за килограм

Тие се неверојатно ретки и ги има само во Јапонија и уште неколку азиски земји.

Блуфин туна – 1000 долари за килограм

И покрај апелот да не се лови поради можност за истребување, овој вид на туна се уште е една од најлуксузните јадења во елитните ресторани.

Шафран – 1.000 долари за килограм

Зачинот шафран се добива при многу долг и макотрпен процес. Токму затоа и чини многу.

Сирење од лос – 1.025 долари за килограм

Овој вид на меко деликатесно сирење се добива од една единствена фарма за лосови лоцирана во руралните предели на Шведска.

Копи Лувак кафе – 1.200 долари за килограм

Се произведува на многу специфичен начин само во Индонезија, Филипини и Јужна Индија.

Бели тарфтуфи – 2.800 долари за килограм

Реткиот деликатес, тартуфите ги има во Италија, а најчесто се служат во комбинација со јајца и десерти.

Bird’s Nest (вид супа) – 3.000 долари за килограм

Ова е кинеско јадење налик на супа. Го има во три бои црвена, бела и жолта, од коишто најскапа е црвената, а е нејзина главна состојка е животинска плунка.

Кавијар – 9.100 долари за килограм

Најскап кавијар е Белуга кавијарот, којшто го има во Каспиското и Црното море. Рекордна цена што била некогаш платена за бел Белуга кавијар е 34.000 долари за килограм.