Кои се највредните компании во светот за 2018 и колку чинат

1

Фото: Pixabay

Консултантската куќа PwC го објави извештајот за рангирањето на 100-те највредни компании на светот по пазарна капитализација.

На листата и годинава доминираат американски компании, дури 54 од 100-те највредни се со седиште во САД. Минатата година топ десетте компании беа само американски, но сега две се заменети со кинески. Сепак топ четирите и годинава остануваат непроменети.

Втора година по ред, секторот Технологија ги опфаќа највредните компании кои заедно чинат 4.806 милијарди долари, на второ место е финансискиот сектор кој вреди 4.421 милијарди долари, но во таа вредност се опфатени дури 23 компании (најмногу), а на трето место е услужниот сектор со вредност од  2.827 милијарди долари.

Пазарната вредност на 100-те најголеми копании на светот од минатата година наваму пораснала за 2.597 милијарди долари, односно 15%.

Иако Amazon е најуспешната компанија во однос на апсолутниот пораст на пазарната вредност, сепак  приматот и понатаму, седум години по ред го држи Apple кој моментално вреди 851 милијарди долари. Второто место е за компанијата Alphabet којашто управува со Google.

Меѓу првите 20, на листата 100 највредни компании се најдоа и Facebook, Visa, Samsung, Shell, Nestle, Walmart и др.

Во продолжение погледнете ја листата на 20 највредни компании на светот и нивната пазарна вредност:

  1. Apple, САД, 851 милијарди долари
  2. Alphabet, САД, 719 милијарди долари
  3. Microsoft, САД, 703 милијарди долари
  4. Amazon.com, САД, 701 милијарди долари
  5. Tencent, Кина, 496 милијарди долари
  6. Berkshire Hathaway, САД, 492 милијарди долари
  7. Alibaba, Кина, 470 милијарди долари
  8. Fcebook, САД, 464 милијарди долари
  9. JPMorgan Chase, САД, 375 милијарди долари
  10. Johnson & Johnson, САД, 344 милијарди долари
  11. ICBC, Кина, 336 милијарди долари
  12. Exxon Mobil, САД, 316 милијарди долари
  13. Bank of America, САД, 307 милијарди долари
  14. Samsung Electronics, Јужна Кореја, 298 милијарди долари
  15. Royal Dutch Shell, Велика Британија, 263 милијарди долари
  16. Walmart, САД, 264 милијарди долари
  17. China Construction Bank, Кина, 259 милијарди долари
  18. Wells Fargo, САД, 256 милијарди долари
  19. Nestle, Швајцарија, 246 милијарди долари
  20. Visa, САД, 246милијарди долари