Кои се најзадолжените компании во светот?

89

Прашањето што често се поставува од појавата на пандемијата Ковид-19 е дали новата криза и се заканува на светската економија и е неспоредливо полоша од онаа од 2008 година.

Овој пат, како поттикнувач за енормниот раст на долговите, сосема е сигурно дека ќе видиме многу скоро.

Централните банки на глобално ниво “пумпаа“ огромни сума на нови пари со цел да се надминат последиците од пандемијата, долгот се зголеми и на ниво на држави и финансискиот сектор, како и во т.н. нефинансиски сектор, економски сектор.

Една неодамнешна студија која го испитува бизнисот на 900 компании, покажа дека Volkswagen, со 192 милијарди долари долг, е на прво место меѓу најзадолжените компании во светот.

Список на 10 најзадолжени компании во светот:

Volkswagen – 192 милијарди долари
AT&T – 176 милијарди долари
Daimler – 151 милијарди долари
Toyota – 138 милијарди долари
Softbank Group – 135 милијарди долари
Verizon – 129 милијарди долари
Ford – 122 милијарди долари
BMW – 114 милијарди долари
Comcast Corporation – 104 милијарди долари
Anheuser-Busch – 96 милијарди долари