Кои се новите „играчки“ на младите милијардери од Европа?

145

Себастијан Сиемиатковски, Гилом Пусаз, Даниел Ек се само дел од оние кои заработиле од успехот на своите компании, решиле да инвестираат во нешто друго.

Инвестицискиот фонд Flat Capital предводен од Сиемиаитковски, основач на Кларна, котира на Стокхолмската берза од октомври 2021 година. Пусаз, извршен директор на Checkout.com, основаше сопствена семејна канцеларија Zinal Growth во август 2021 година, а Даниел Ек од Spotify го лансираше фондот Prima Materia со милијарда долари од сопствени пари.

Ова е нов тренд предводен од млади милијардери и основачи на европски финтек компании. Овој тренд е формирање на фондови чија примарна задача е да инвестираат во стартапи кои се во порана фаза.

Новиот милијардер кој се нафрли во таа приказна е Ник Сторонски.

Милијардерот и ко-основач на еден од највредните европски стартапи, Revolut, планира да лансира фонд за ризичен капитал базиран на вештачка интелигенција.

Сторонски ќе инвестира околу 200 милиони долари во фондот Quantum Light Capital.

Што е посебно за овој фонд? Идејата е „машинско учење“. Сторонски сака да го промени начинот на работа на фондовите за ризичен капитал и да остави сè на вештачката интелигенција.

„Во лоши времиња никој не сака да инвестира, во добри времиња сите сакаат да инвестираат – така што лекциите беа дека таквите средства се прилично нестабилни и има некој елемент на менталитетот на толпата“, изјави Сторонски за Форбс.

Сторонски ангажирал тим од шест научници и инженери за истражување на LinkedIn, корпоративни податоци и други бази на податоци. Така треба да ги идентификуваат брзорастечките стартапи.

„Јас лично верувам во постоењето на модел без човечко расудување“, вели тој. „Различни луѓе имаат различни мислења, и вака ќе завршите со овој менталитет на толпата.

Некои фондови за ризичен капитал користат слични пристапи со години за да забележат и следат нови потенцијални инвестиции, но Сторонски вели дека тоа нема никаква врска со неговата идеја, машинското учење.

Фото: Facebook