Кои се петте најкреативни градови во светот?

58
Сериозна предност на доставата дома или до компанија е и тоа што нарачаните намирници стигнуваат на точно одредената дестинација и во точно одреденото време.

Фото: Pixabay

Според британски BBC, петте најкреативни градови во светот се: Мексико, Шаржа, Белград, Дакар и Бангкок.

Градовите во коишто ќе пронајдете најмногу уметност и креативност не се оние за кои сте уверени дека се, пишува BBC.

Мексико сити – додека Доналд Трамп се опседнува со подигнување ѕидови и трговски царини, креативноста во овој град никогаш досега не била толку динамична. Овој главен град во последно време посакува добредојде на сè поголем број странци кои бараат место за изразување.

Шаржа – овој град во Обединетите Арапски Емирати создава репутација на место за креативност и современа култура. Во последните неколку години, градот е преполн со културни настани и уметнички збиднувања.

Белград – поради неколку децениската изолација во текот и после војните на Балканот, локалните уметнички училишта во Белград останаа ориентирани кон комбинација на занает и уметност, што и понатаму е синоним за квалитет.

Дакар – 60% од популацијата во овој град има до 25 години, па поради тоа важи за најмлад град на африканскиот континент, Дакар е центар на современата уметност и културата од тој регион.

Бангкок – е град во којшто живеат осум милиони жители, но е преполн со политички тензии. Од таа причина, преку рап музика, графити, современа уметност и фотографија, тајландските креации многу често се борат со цензура. Новата генерација на уметници имаат храброст отворено да зборуваат за проблемите со кои се соочуваат.