Кои се шесте најбогати деца во светот

93

Можеби ќе ве изненади кога ќе видите кои деца имаат милиони и милијарди во нивна сопственост. Очекувано, повеќето од нив го стекнале ова огромно богатство наследувајќи го од нивните родители милијардери. Но, некои од најбогатите деца во светот се исто така зафатени со правење на сопственото богатство. Претприемништвото, каналите на YouTube, спонзорираните објави и малопродажбата се некои од начините на кои младите заработуваат милиони.

Еве ги најбогатите деца во светот чие богатство е од милиони до милијарди, а сè уште не наполниле 18 години.

1. Принцезата Шарлот од Кембриџ (8 години)

Титулата за најбогато дете на светот ја носи принцезата Шарлот од Кембриџ. Таа му припаѓа на британското кралско семејство, второто дете и единствената ќерка на принцот Вилијам, војводата од Кембриџ, и Кетрин, војвотката од Кембриџ. Нејзиното богатство е неверојатни пет милијарди долари, од кои повеќето потекнуваат од нејзиното кралско семејство.

Принцезата Шарлот е трета во редот за британскиот престол – по принцот Вилијам, војводата од Кембриџ и принцот Џорџ од Кембриџ. Поради примената на Договорот од Перт, таа стана првата британска принцеза која беше над нејзиниот брат во линијата на наследување.

Интересно е што покрај семејното наследство, малата принцеза има договори и со многу модни брендови чија облека ја носи, а кои за тоа плаќаат цело богатство, бидејќи тоа е одлична форма на маркетинг. Кое мало девојче не би сакало да се облекува како принцеза.

2. Принцот Џорџ од Кембриџ (11 години)

Второто најбогато дете е исто така член на британското кралско семејство – принцот Џорџ од Кембриџ, првороденото дете на принцот Вилијам и Кетрин. Тој е постар брат на принцезата Шарлот.

Неговото богатство доаѓа и од кралското семејство и на само 8 години неговото нето богатство веќе се проценуваше на повеќе од три милијарди долари. Зад неговиот татко, принцот Вилијам, тој е втор во линијата на наследување со големи очекувања дека еден ден ќе стане британски монарх.

3. Блу Ајви Картер (11 години)

Блу Ајви Картер е ќерка на американските пејачи Бијонсе и Џеј Зи. Само два дена после раѓањето таа беше најпознатото бебе во светот според магазинот Time. Таа е во Гинисовата книга на рекорди како најмлада личност која имала песна на која било листа откако со својот такто сними вокал за песната „Glory“. Како трето најбогато дете во светот, Блу Ајви најголем дел од богатството добила од своите родители. Исто така, доби Греми награда за најдобро музичко видео за песната „Brown Skin Girl“. Нејзината нето вредност се проценува на околу 720 милиони долари.

4. Сторми Вебстер (5 години)

Сторми Вебер е петгодишната ќерка на Кајли Џенер и Тревис Скот, која е позната по своето богатство од над 700 милиони долари, кои гии наследила од своите родители милијардери. Исто така, прилично е популарна на социјалните мрежи. Сторми е сопственик и на луксузна игротека која е подарок од нејзината баба, како и дизајнеркса облека, иако има само пет години.

5. Принцот Луис од Кембриџ (5 години)

Уште едно име од бротанското кралско семејство се најде на листата со најбогати деца во светот. Принцот Луис е третото и најмало дете на принцот Вилијам и војвотката Кетрин. Неговото богатство се проценува на околу 400 милиони долари.

6. Валентина Палома Пино (15 години)

Валентина Палома Пино е ќерка на познатата актерка Селма Хајек и францускиот бизнисмен Франсоа Анри Пино. Валентина се најде на листата со најбогати деца во светот во 2020 година, а годинава нејзината нето вредност се проценува на околу 12 милиони долари. Освен што има познати и богати родители, Валентина и самата е интернет ѕвезда.