Кои светски дестинации се најсподелувани на Instagram

47

Од постоењето на социјалната мрежа Instagram, речиси 10 години корисниците споделуваат фотографии од разни места, дестинации и случувања.

Според направените анализи Ајфеловата кула во Париз се наоѓа на првото место, со приближно шест милиони споделувања на Instagram, пишува Kiwi.

Во однос на градови најсподелувани се фотографии од Лондон чијашто бројка на платформата изнесува 126 милиони. По него следуваат Њујорк, Париз, Дубаи и Инстанбул.

Следниве седум дестинации се модерните Седум светски чуда на Instagram.

  1. Ајфеловата Кула во Париз – 5.849.737 споделувања
  2. Лас Вегас – 4.802.560 споделувања
  3. Тајмс сквер во Њујорк – 3.949.217 споделувања
  4. Бурџ Калифа во Дубаи – 3.502.116 споделувања
  5. Големиот кањон во Аризона – 3.433.049 споделувања
  6. Биг Бен во Лондон – 3.007.317 споделувања
  7. Лондонското Око – 2.980.006 споделувања

Фото: Pixabay