Кои “тешки“ прашања ги поставуваат храбрите кандидати за работа

135

Ако спаѓате во кадрите кои се барани на пазарот, можеби ќе имате поголема слобода да побарате од вашиот работодавец некои придобивки при вработувањето, што повеќето луѓе немаат храброст да ги побараат. Доброволно пензиско осигурување, животно осигурување или дополнително здравствено осигурување, како и некои други работи… Може да изгледаат како далечна тема на интервју за работа во земјава, но секако не во сите индустрии, или за секоја позиција.

Повеќето кандидати веројатно избегнуваат да поставуваат “тешки“ прашања за време на интервју за работа од страв дека може да се покажат како неверодостојни, а токму неуспехот да се постават такви прашања менаџерот за човечки ресурси може да го протолкува како недостаток на интерес.

Иако кандидатите обично подготвуваат одговори за интервју за работа, пожелно е и да се постават вистинските прашања, па затоа издвојуваме неколку што можат да им служат на самоуверените кандидати во интервјуто со работодавачот.

Какви грешки направија луѓето во позицијата за која аплицирам? Ако добиете одговор во кој се препознавате, треба да го преиспитате вашиот интерес за одредена работа. Исто така, можеби нема да биде позиција за вас ако добиете нејасни одговори.

Колку часа очекувате да работам на оваа позиција неделно? Ова е можеби уште потешко прашање за поставување од претходното, бидејќи луѓето во интервјуто не сакаат да остават впечаток дека не се вредни работници, или не оние кои се подготвени да работат подолго од работното време, доколку е потребно. Ако работодавачот очекува од вас да работите над 40 часа неделно, размислите дали тоа одговара на вас и дали воопшто сакате таква работа.

Ако имате деца, сосема е правилно да прашате – дали можам да ги земам децата од училиште попладне? Менаџерите за човечки ресурси вреднуваат кога кандидатите се искрени и јасно ги поставуваат своите приоритети од самиот почеток, бидејќи во секој случај сето тоа ќе излезе на површина.

Дали постојат опции за приватно здравствено и пензиско осигурување? Постојат компании кои нудат такви можности, така што нема причина да не поставувате такво прашање.

Колку често вашата компанија им дава зголемување на платата на своите вработени и врз основа на кои критериуми? Темата за парите може да биде непријатна, но треба да се има предвид дека платата е обично “најсилната карта“ што ја има работодавачот. Ако мисли дека нашол силен кандидат што навистина го сака во својот тим, тој ќе се обиде да понуди конкурентна почетна плата, дури и договор за бонус.

Кои се можностите за професионален развој? Многу работодавачи нудат делумно или целосно финансиско покривање за продолжување на образованието или соодветни сертификати за нивните вработени, бидејќи тие можат да придонесат повеќе за компанијата.

Фото: Freepik