Кои земји чуваат најмногу злато?

68

Фото: Pixabay

Златните прачки низ целиот свет се прифатени како една од најсигурните инвестиции. Поради тоа, секоја држава дел од своите резерви ги чува во овој благороден метал, којшто е вистински чувар на вредноста на вложениот капитал.

Според податоците на Светскиот совет за злато заклучно овој месец, десет земји коишто располагаат со најголеми количини на злато се: САД (8.133,5 тони, што е 74,9% од вкупните резерви на земјата), Германија (3.369,7 тони, односно 70,6% од вкупните резерви на земјата), Италија (2.451,8 тони – 66,9% од вкупните резерви на земјата), Франција (2.436 тони или 61,1% од вкупните резерви), Русија (2.150,5 тони што е 19,1% од вкупните резерви на федерацијата), Кина (1.874,3 тони), Швајцарија (1.040 тони), Јапонија (765,2 тони) и Холандија (612,5 тони).

На листата од вкупно 100 земји, Македонија се најде на 79-то место со 6,9 тони, што е 9% од вкупните резерви на земјата. Од земјите во регионот најдобро е позиционирана Грција 113,2 тони на 34-то место. Бугарија е 52-ра со 40,4 тони злато, а десет позиции подолу е Србија со 20,4 тони.

Зад нас се Словенија на 88-мо место со 3,2 тони златни резерви, Босна и Херцеговина на 90-та позиција со три тони и Албанија е 98-ма со 1,5 тони злато.

На дното на листата се најдоа: Хаити (1,8 тони злато), Јемен (1,6 тони), Албанија (1,5 тони), Гвинеја (1,5 тони) и Ел Салвадор (1,4 тони злато).