Некаде возењето со такси е услуга што повеќето луѓе можат да си ја дозволат, но има и такви земји каде за да се возите со такси треба да одвоите поголема сума од вашиот џеб.
Извештајот на Taxi2Airport.com, којшто анализираше податоци од Taxi-Calculator.com ги рангираше најскапите и најевтините земји во светот кога станува збор за возење со такси.
Цените се за поминати пет километри, а изразени се во евра.
Најевтини земји за такси превоз
- Египет -0,84
- Индија – 1,29
- Тајланд – 1,41
- Индонезија – 1,68
- Малезија – 1,70
- Мексико – 1,80
- Турција -2,24
- Кина – 2,41
- Аргентина – 2,44
- Виетнам – 2,47
Земји каде возењето со такси е најскапо
- Шведска – 9,91
- Франција – 10,00
- Велика Британија – 10,08
- Нов Зеланд – 10,53
- Австрија – 11,60
- Белгија – 12,90
- Холандија – 13,40
- Германија – 13,80
- Јапонија – 15,64
- Швајцарија – 22,68
Фото: Pixabay