Кои земји најбрзо закрепнаа од пандемијата?

83

Ирска постигна импресивен раст во услови на корона и бележи најбрзо закрепнување меѓу 23 земји на ОЕЦД. Од европските земји најлошо е рангирана Шпанија, но последиците од кризата ги трпат и Велика Британија, Италија и Португалија. Кога подетално ќе се анализираат другите важни економски показатели, излегува дека Данска, Словенија и Шведска најдобро се справиле со кризата досега.

Економиите на повеќето земји на ОЕЦД почнаа да закрепнуваат, и покрај тоа што кризата со корона продолжува, според рангирањето составено од The ​​Economist.

Врз основа на собраните податоци за економските движења во 23 земји на ОЕЦД, Ирска има најдобри резултати. Таа постигна најголем раст на БДП во периодот од четвртиот квартал од 2019 година до третиот квартал од 2021 година. Ирската економија во наведениот период порасна за 22,3 отсто. Иако овие информации изгледаат многу охрабрувачки, Ирска е исклучок, а не правило, се посочува во анализата.

На второ место е Чиле со раст на БДП од 10,4 отсто, додека земјите од третото до шестото имаат многу поскромно раст, кој се движи меѓу 2,1 и 3,5 отсто. Во оваа група спаѓаат Норвешка (3,5 отсто), Полска (3,1 отсто), Шведска (2,1 отсто) и Данска (2,1 отсто).